Вардар очекувано прв финалист во Куп на Македонија
Очекувано ракометарите на Вардар се првите кои обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија чија завршница се одржува во битолската сала „Младост“.
Топ фаворитот ја потврди својата улога и со убедливи 46-27 полувреме 20-12 го совлада битолски Пелистер.
Во редовите на Варадр по осум гола постигнати, Македа, Марселиќ и Циндриќ.
Вардарци сега ќе го очекуваат исходот второто полуфинале во кое играат екипите на Еурофарм Работник и Металург, па утре од 16 часот и 30 минути за кога е закажано финалето ќе атакуваат на 13-тиот трофеј во националниот куп.
18.05.2018 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа