Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа
Тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова на пресот по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Ѓер со 27-26 (20-20, 9-9), изјави дека е горда на постигнувањето на своите ракометарки и е благодарна што го предводела овој тим.
– Горда сум на ракометарките, се бореа и реализираа се што беше договорено, но на крај не успеавме. Немавме среќа, на девојките им поскувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим, изјави тренерот на Вардар.
МВП на Ф4 турнирот, голманката на „црвено-црните“ Амандин Лејно низ солзи изрази жалење дека оваа генерација на ракометарки не стигнале до трофејот во ЛШ.
– Ова беше навистина тежок натпревар. Се подготвуваме за титулата, сите ја посакувавме, но Ѓер е квалитетна екипа која беше и посреќна па повторно стигна до трофејот. Нас ни е жал што во последната сезона овој состав на девојки не успеа да дојде до трофејот, рече Амандин Лејно на пресот по мечот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа