„Претседателот на Македонија да го избира Собранието“

 

Либералната партија денеска ги повика парламентарните партии и пратениците да го поддржат нивниот предлог за уставни измени со кои изборот на претседателот на државата ќе се врши на посреден начин, со двотретинско и таканаречено „бадинтерово“ мнозинство во Собранието.   

Партијата, како што соопшти, предвидува и избор на потпретседател на републиката, кој ќе биде од различна етничка припадност од претседателот, избран на ист начин и со исто мнозинство.

Иницијативата на партијата, како што се наведува, се заснова на три постулати и тоа вистинско позиционирање на претседателот на Републиката и контрола на законодавната над извршната власт, наместо меѓу извршните власти, системски одраз на етничката различност на граѓаните и намалување на трошоците за избор на шефот на државата

11.09.2013 - 16:08

најчитано сега