Кил минато, на ред Келн: Вардар повторно оди по титула

 

Вардар повторно ќе има шанса да ја брани титулата во Лигата на шампионите откако се избори за нов пласман на завршниот Ф4 турнир во Келн.

Вечерва „црвено-црните“ во реванш мечот од 1/4 финалет загубија од Кил со 27-28, но тоа не влијаеше на конечниот епилог.

На турнирот во Келн ќе патува Вардар поради тоа што има гол повеќе постигнат на гостински терен. Пред една недела во Германија беше 29:28 за Вардар, па тој гол на Македа постигнат од аут се покажа како доволен за да се патува уште еднаш на Ф4 завршницата од Лигата на шампионите.

 

 

 

 

29.04.2018 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега