Шилегов: Дрисла веќе нема да го загадува воздухот

Во тек е набавката на новата печка за согорување медицински отпад за депонијата „Дрисла“, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
- Во овој момент и во изминатиот период наш примарен интерес беше на постојниот инсенератор да овозможиме поставување на доволно квалитетен филтер кој ќе дозволи безбедно согорување на медицинскиот отпад, рече Шилегов.
За судската постапката за депонијата „Дрисла“ , Шилегов рече дека неговото присуство во „Дрисла“ не значи поддршка или нарушување на нечија неутралност.
- Она што во неколку наврати го замолувам Управниот суд како административен суд во жалбената постапка и Вишиот управен суд е да донесат што е можно побрзо конечна одлука. Ниту Градот има интерес да се задржи сегашниот партнер, ниту има интерес да се стави нов партнер. За нас од круцијален интерес е одлуката да биде донесена брзо. Не навлегуваме во квалитетот на одлуката на судот за да може како Град да знаеме кој е конечниот партнер за капацитетот „Дрисла“ со цел заеднички потоа, во согласност со договорот кој е важен или договорот кој ќе биде потпишан со евентуално новоизбраниот, да можеме заеднички да ја креираме политиката на згрижување на комуналниот отпад, рече Шилегов.
Новата печка треба да дојде до јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








