Објавена листата на најевтини градови за живот во Европа, меѓу нив е и Скопје

Месечните трошоци од 700 евра претставуваат трети од трошоците на жителите на Лондон, односно половина од трошоците на оние кои живеат во Манчестер, Глазгов или Ливерпул.
На листата на 26 градови во кои е возможно да се живее со помалку од 700 евра, која ја објави Бизнис Инсајдер, се најде и Скопје, како и уште неколку од Балканот.
Најевтини градови за живот, освен во Македонија, има и во Србија, Романија, Украина, Русија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија.
При изработката на листата, во предвид се земени економската ситуација, културата и приликите за вработување. Па на таа листа најевтин град во регионот е Приштина, а најскап Сараево, Скопје е 14-ти на оваа листа.
Месечните трошоци од 700 евра претставуваат трети од трошоците на жителите на Лондон, односно половина од трошоците на оние кои живеат во Манчестер, Глазгов или Ливерпул.
Еве ја листата на 26 најевтини градови за живот:
26. Сараево, Босна и Херцеговина- 680 евра
25. Казан, Русија- 672 евра
24. Новосибирск, Русија- 670 евра
23. Варна, Бугарија- 664 евра
22. Темишвар, Романија- 661 евро
21. Нижни Новогород, Русија- 660 евра
20. Јаши, Романија- 652 евра
19. Тирана, Албанија- 636 евра
18.Бањалука, Босна и Херцеговина- 627 евра
17. Минск, Белорусија- 622 евра
16. Пловдив, Бугарија- 620 евра
15. Сибињ- Романија- 617 евра
14. СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА- 614 ЕВРА
13. Брашов, Романија- 610 евра
12. Нови Сад, Србија- 600 евра
11. Велики Варадин, Романија- 594 евра
10. Арад, Романија- 583 евра
9. Киев, Украина- 565 евра
8. Кишињев, Молдавија- 560 евра
7. Одеса, Украина- 557 евра
6. Ниш, Србија- 542 евра
5. Крајова, Романија- 530 евра
4. Приштина, Косово- 502 евра
3. Харков, Украина- 460 евра
2. Лвов, Украина- 465 евра
1. Дњепар, Украина- 450 евра
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









