Шилегов за Ќосето: Сопиште може да посака што сака, мора да има ред

Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање дали ќе и го дадат споменикот на Андон Јанев-Ќосето на општина Сопиште, рече дека Ќосето е сопственост на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, а за него се води и судска постапка.
- Споменикот е предемет и на судска постапка поради тоа што Здружението го нема платено споменикот. Не е сопственост на Градот за да го доделува и ниту Сопиште има право да бара од Град Скопје нешто да му биде доделено. Сопиште може да посака што сака, но мора да постои ред, поредок за тоа кој, што и како може да добие, посочи Шилегов по потпишувањето Договор меѓу Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС за пренесување на правото на трајно користење, управување и одржување на информацискиот систем www.gradezno-zemiste.mk.
Нагласи дека се анализира состојбата со спомениците од проектот „Скопје 2014“ и додаде оти сите споменици не се под Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









