Во среда ќе се решава за Ќосето - препукување меѓу Град Скопје и Сопиште

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште кои сочинуваат мнозинство, по секоја цена го сакаат споменикот на Андон Лазов Ќосето. За тоа советот ќе решава уште еднаш во среда.
Сепак, од Град Скопје велат дека е невозможно Сопиште да го добие споменикот бидејќи за него имало судски спор меѓу компанијата што го изработила и здружението од Лерин кое се јавува како донатор. Од Град Скопје за Алсат М велат дека без да заврши судскиот спор не можат да донесат никаква одлука.
За потсетување, советниците од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјавија дека нема да дозволат споменикот да биде стопен, додека советниците на СДСМ гласаа против велејќи дека ќе донесе само поделби.
Претходно и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека Сопиште може да посака и метро и дека споменикот се тргал навечер за да не се прави метеж.
Вчера беше урнат и постаментот на Ќосето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









