Ротвајлерот кој дивееше и искаса деца во Аеродром замина во Италија - нема да биде усмртен

Ротвајлерот кој во декември лани искаса десетина граѓани, меѓу кои и деца во населбата Аеродром, не е усмртен, туку е пренесен во Италија. како што пишува Скопје Инфо, ротвајлерот е ресоцијализиран и кастриран, па однесен за вдомување во Италија.
Ротвајлерот кон крајот на минатата година искаса осум луѓе од кои пет деца низ Аеродром и Гази Баба. По овој немил настан по кој знае кој пат се отвори прашањето за нерешениот проблем со кучињата миленици и скитници во главниот град.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов информираше дека Агенцијата е во план за домашните миленичиња да набави 100.000 микрочипови во вредност од 18 милиони денари. Микрочипирањето ќе биде бесплатно за сопствениците на кучиња и мачки, а сопствениците ќе треба да ги платат само вакцината против беснило и пасош, што изнесуваат околу 750 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









