„Ќосето" заврши во Металски Завод Тито - споменикот тргнат преку ноќ

 

Споменикот на Андон Ќосето ноќеска е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Споменикот е  спакуван во камион и однесен во магацините на Металски завод Тито.

Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.  

Според најаваите следен за тргање е централниот споменик  на „Воинот на коњ“ од плоштадот Македонија, пренесе Локално.

 

 

 

 

22.02.2018 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега