Подгответе се на време - во оваа населба во Скопје утре ќе нема вода

 

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради санирање на дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 200 мм. на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр. 77 во истата населба, а ќе трае се до завршување на интервенцијата.

 

 

 

21.02.2018 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега