Во Центар ќе се пријавува комунален проблем со СМС или Вибер

 

 

Граѓаните на Центар ќе можат да пријавуваат комунални проблеми во општината преку СМС-порака или на Вибер на телефонскиот број  076-313-387.

- Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да да го оствариме мораме да работиме сите заедно, се вели во повикот до граѓаните да пријават комунални проблеми.

Од општината информираат дека во четврток 22 февруари ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Од општина Центар ги повикуваат жителите од 08:00 до 13:00 да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот да ги изнесат и да ги остават пред влезовите на зградите. 

 

 

 

19.02.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега