По Червар, збогум на репрезентацијата ѝ кажаа уште двајца играчи
Хрватската репрезентација не успеа да го исполни очекуваното од публиката, пласман во полуфиналето, па сега е време за голема реконструкција и ново позиционирање на работите во нивната селекција.
По завршување на нивните шанси за евентуален пласман меѓу најдобрите 4 репрезентации, свое заминување прво најави Лино Червар, а сега најавуваат заминување и Игор Вори и Денис Бунтиќ.
37 годишниот Игор Вори истакна дека е време играта во националниот тим да ја превземат некои помлади момци.
-Вчера им се заблагодарив на сите. По 15 години сметам дека е крајно време младите играчи да ги превземат работите во свои раце. Ќе им стојам на располагање во секој момент. Сигурен сум дека хрватскиот ракомет ќе се издигне. На сите им ја посакувам цела среќа, истакна Вори.
„По долги години во репрезентацијата, се повлекувам. Ви благодарам дечки за се`. Над сите нас е ХРВАТСКА!“, порача бекот на Пик Сегед, 35 годишниот Бунтиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа