Навивачите бесни ја каменуваа куќата на голманот Мирко Алиловиќ - сопругата збесна
Ракометарите на Хрватска во последното коло од втората фаза на Европското првенство беа поразени од Франција со 30:27, а сега поради тоа настрада голманот Мирко Алиловиќ, односно неговата куќа која била каменувана.
Тоа на социјалните мрежи го соопшти неговата сопруга, Ива Алиловиќ.
– По поразот некој ни ги искршил прозорците на куќата, а оштетен е и кровот. Имаме доста материјална штета, напиша Ива.
Изреволтирана објави дека не сака нејзиниот сопруг да брани за хрватската репрезентација.
25.01.2018 - 20:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа