ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се извини за трите лаги кои ги кажа
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од лидерот на СДСМ и градоналачник на Струмица, Зоран Заев да се извини за, како што истакнаа, лагите изнесени во изминатиот период.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски на прес-конференција рече дека Заев за краток временски период кажал три лаги. Едната дека ја обезбедил холандската инвестиција, втората дека општината обезбедила поволности за инвестирање и третата дека општината ја изградила инфраструктурата во индустриската зона.
Презентирајќи документи, Бичиклиски истакна дека општината добила 52.231.520 денари за инфраструктурна изградба на зоната.
- Од документите се гледа дека Владата инвестирала во изградба на улици, мост, атмосферска и фекална канализација, водовод, улично осветлување, тротоари, експропријации, дислокација на далноводи. Зоран Заев не може за ова да незнае, бидејки на документите каде се префрлаат средствата стои неговиот личен потпис, рече Бичиклиски.
Тој побара од градоначалникот Заев да им се извини на граѓаните за изнесените лаги.