За влез во Клиника се чека и половина час - Владата бара решение за нов клинички

Колони автомобили и свирење, метеж и пешаци. За влез во Клиничкиот центар во Скопје се чека и по половина час. Ваква е сликата секој ден на Водњанска. Најголемата гужва е во утринските часови кога медицинскиот персонал доаѓа на работа, а болните на закажаните термини за преглед, пишува Сител.
Решавање на овој проблем најави и министерот Филипче на првиот негов јавен настап пред месец дена. Но, ниту сообраќајната полиција која е присутна пред влезот неможе да го реши хаосот. Најголемиот застој се прави на рампата за влез. Иако министерот за здравство најави посебен паркинг за вработените надвор од кругот на Клинички засега нема ништо од тоа.
Од Владата информираат дека на вчерашната седница била разгледувана информацијата за изградба на новиот Клинички Центар кој најверојатно ќе биде на истата локација, но финалната одлука ќе ја соопштат до крајот на февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









