Раул ја направи последната промена пред дуелот со Данска

 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес денескаја направи последната промена пред дуелот со Данска, вечерва во 18:15 часот.

Селекторот Раул Гонзалес ја искористи последната замена на Европското првенство да го извади Кире Лазаров од составот. Капитенот нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.

-Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, сам околку да ги изведува пеналите, потсетува порталот.

Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во наата репрезентација, Дејан Манасков.

 

 

 

 

24.01.2018 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега