Македонија вечерва ја стартува втората фаза - Шпанија прва пречка до полуфинале
Македонската ракомeтна репрезентација вечерва, 20:30 часот, ќе го одигра првиот натпревар во втората фаза. Пред „црвено-жолтите“ ќе стои Шпанија, со двајца за нашата јавност добро познати играчи актуелниот и екс членот на Вардар, Жоан Канељас и Алекс Душебаев.
Македонија во Групата 2 влезе со три бода, најмногу од сите репрезентации, а Шпанците пренесоа бод помалку.
Во меѓувреме две средби, во петокот, ја отворија оваа фаза во групата во Вараждин, Германија ја победи Чешка 22:19, а Данска Словенија 31:28.
-Шпанија е една од топ 6 репрезентации во светот. Мислам дека имаме шанси да направиме позитивен резултат, ќе биде психолошки тежок натпревар, но ќе направиме се да се фокусираме да пружиме еден добар натпревар и имаме големи шанси да направиме позитивен резултат, изјави по вчерашниот тренинг капитенот Кирил Лазаров.
На спротивната страна еден од најзаслужните за европската титула на Вардар во минатата сезона, Алекс Душебаев, смета дека неговиот сонародник Раул Гонзалес била алката која во минатото и недостигала на Македонија да направи посериозни резултати.
-Македонските репрезентативци имаат неверојатна доверба во него, а тој им возвраќа со досегашните резултати. Раул е елементот кој ми се чини дека во минатото понекогаш и недостасуваше на македонската репрезентација и сега таа е многу поопасен противник, рекол Душеваев.
Натпреварот со Шпанија ќе го судат Белорусите Андреј Гуско и Серхеј Репкин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа