Хрватски новинар запрепастен: Да дојдеше Цеца, „Арена“ ќе беше полна - срам ми е
Загрепска „Арена“ има капацитет од 15.000 гледачи, на вчерашниот натпревар на Хрватска официјално присуствуваа 8.100 гледачи. За разлика од Сплит каде салата беше полна, во Загреб таа е скоро полупразна.
Како причини за малата посетеност хрватските медиуми ги наведуваат цената на влезницата која е висока за просечен Хрват, разгаленоста на загрепската публика која не сака да гледа противник како Белорусија и навреденоста на навивачите кои не ги интересира репрезентација која губи од Шведска.
Оттука, разбирливо е разочарувањето и револтот истовремено кај хрватските новинари, кои не ја штедеа својата јавност.
„Да беше Цеца, „Арена“ ќе беше полна - срам ми е“, на својот профил на Фејсбук напиша Вики Ивановиќ, новинар во ХРТ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа