"ALDRIG SETT NÅGOT LIKNANDE"
Med sekunder kvar - då tar Červar saken i egna händer viasatsport.se/sport/handboll …
Иако многуммина мислеа дека вечерашниот меч во загрепска Арена ќе биде само формалност за Хрватите, сепак Белорусите им пружија голем отпор на Хрватите. Хрватските ракометари во инфаркт меч кој штотуку заврши во Загреб на „мускули“ успеаја да ја совладат Белорусија со 25:23.
Хрватските навивачи трепереа до последниот момент на мечот, откако Белорусите успеаја да израмнат на 23:23 на само две минути до крајот.
После ова нападот на Хрватите заглави, судиите ја подигнаа раката, па спас се бараше во Лука Циндриќ. Тогаш на сцена стапи плејмејкерот на Вардар, кој сам ја проби белоруската одбрана и погоди за 24:23.
Во последниот напад Белорусите не успеаја да упатат удар кон хрватскиот гол, па по пасивниот напад топката им беше одземена. Белорусите имаа акција за израмнување на 24:24, но пред истата да биде прекината поради пасивен напад, имаше еден недозволен потег на Лино Червар кој понесен од еуфоријата и драматичната завршница, одлучи да му попречува на десниот бек на Белорусите.
Хрватскиот селектор го чуваше Артур Карвацки, а за ваквиот свој потег експресно наиде на исклучително многу негативни коментари на социјалните мрежи каде ракометните фанови го осудуваат за ваквата реакција…
Конечните 25:23 ги постави Марко Копљар со гол во псоледните моменти од мечот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа