Кире Лазаров: Наоружајте се со „дијазепам“ продолжуваме со исто темпо

 

 

Капитенот на ракометната репрезентација, Кирил Лазаров,испрати порака до македонските навивачи: „Наоружајте се со ‘дијазепам’, продолжуваме со исто темпо“- изјави тој за „Репортер“.

По вчерашниот инфаркт-меч меѓу Македонија и Германија, нашата репрезентација заврши на првото место во групата и пренесе три бода во втората фаза каде што ќе одиграат натпревари против Шпанија, Данска и Чешка. Првиот дуел на Македонија ќе биде на 21 јануари против Шпанија. Два дена подоцна нашите ракометари играат со Чешка пред да се сретнат со Данска. Првите две пресметки Македонија ќе ги одигра со почеток од 20 и 30 минути додека третиот со почеток од 18 и 15.

„Атмосферата е одлична. Би било чудно да е поинаку. Меѓутоа, работи и свеста и нема преголема еуфорија. Играме добро, тоа е најважно. Но, можеме уште подобро. Имавме тешка група и освоеното прво место е за почит“, изјави Кире за „Репортер“.

 

 

 

 

 

18.01.2018 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега