Манасков: Ќе ги истрижиме ќелави Лазаров и Јоновски ако влеземе во полуфинале

Ако Македонија влезе во полуфинале очекувајте да го видите Кире Лазаров истрижен на „кец“ вели македонското крило Дејан Манасков во изјава за Гол.

„Прво беше облогот после Црна Гора да се потстрижиме но му беше страв. Рековме со Кузмановски дека ако завршиме прво место ќе се потстрижиме, а и него ќе го потстрижиме макар и на спиење. Ако дојдеме до полуфинале, ќе ги потстрижиме Лазаров и Јоноски, па што сака нека е!“, изјави Манасков.

 

Манасков и Кузмановски во Вараждин ќе дојдат со нова фризура откако по загубениот облг и пласманот на првото место во групата тие ја истрижија косата.

 

 

 

18.01.2018 - 12:17
Фото: 
Гол

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега