Познато против кого македонските ракометари ќе играат во недела

По завршувањето на последниот меч од групата во кој Данска ја победи Шпанија со 25:22, познат е првиот противник на Македонија во главната фаза.

И покрај поразот, Шпанците го освоија првото место во групата Д, што значи дека во првиот меч од главната фаза Македонија ќе игра против селекцијата на Шпанија.

Натпревари на Македонија во главната групна фаза:

21 јануари – Македонија – Шпанија
23 јануари – Македонија – Чешка
24 јануари – Македонија – Данска

Македонија пренесува три бода во Вараждин, повеќе од сите останати пет селекции во таа група 2. Заслужни за тоа се Данците, кои вечерва ја победија Шпанија со 25-22 и, можеби ја згуснаа конкуренцијата за врвот на таа табела, но барем го исчистија патот пред нас.

 

 

 

17.01.2018 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега