Грецки го опиша промашувањето на Столе и одбраната на германскиот голман

Германското десно крило Патрик Грецки имаше можност да и донесе победа на Германија, но благодарение  на добрата игра во одбрана на Дејан Манасков, Грецски не успеа да дојде до можност за да упати удар кон голот на Борко Ристовски.

Грецки во изјава за медиумите ја опиша и случката 10 секунди претходно, кога нашиот пикер Столе Стоилов промаши зицер, односно германскиот голман Хајневетер успеа да одбрани на чудесен начин.

Грецски одбраната на германскиот голман ја нарече „луда“.

– Хајневетер не врати во игра за победа со луда одбрана, но не го искористивме тоа, вели Грецки.

Германското крило додава дека на тајм-аутот се договарале да создадат позиција за удар, но не успеале.

-Штета што не освоивме два бода од овој натпревар, истакна Грецки.

 

 

 

17.01.2018 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега