Падна одлука: Словенија ќе игра до крај на ЕП, нема казна за Вујовиќ

Репрезентацијата на Словенија ќе остане и понатаму дел од Европското првенство (ЕП) во ракомет кое се игра во Загреб.

Поради неправдите од страна на судиите, словенечките ракометари размислуваа да го напуштат ракометниот настан, но сепак, претседателот на федерацијата, Фрањо Бобинац соопшти дека се останува на големиот ракометен настан.

На прес-конференција непосредно пред стартот на последниот ден од првата групна фаза на Европското првенство, првиот човек на словенечкиот ракомет децидно одговори дека Словенија и понатаму ќе биде дел од континенталниот собир и ќе се бори за што поголем пласман, ЕХФ не му врачи казна на нивниот селектор Веселин Вујовиќ и покрај влегувањето во терен и навредите кон судиите.

Словенија ако мине во наредната фаза ќе пренесе само еден бод, поради ремито со Германците.

 

 

 

17.01.2018 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега