Скандал на ЕП во Хрватска: Разголени фотографии на Нора Морк кружат меѓу ракометарите

 

Голем скандал го тресе Европското првенство (ЕП) во ракомет кое се одржува во Хрватска, откако се откри дека норвешките играчи си споделувале фотографии од својата колешка Нора Морк на кои таа е гола.

На 26-годишната Морк на крајот од минатата година и бил хакиран мобилниот телефон за време на собир на екипата и од неа биле преземени фотографии на кои е комплетно гола.. Но, скандалозно е што сега во Хрватска тие фотографии си кружат и меѓу ракометарите од машката репрезентација на Норвешка.

Ракометарите пред секој натпревар се мотивирале меѓу себе испраќајќи ги фотографиите на Морк, која од друга страна видно разочарана сега најави тужба и повлекување од норвешката репрезентација.

– Тотално сум скршена. Мислев дека тоа е мое семејство, екипата и репрезентацијата, мислев дека тука се луѓе кои ме сакаат и кои се грижат за мене. А, добив токму од тие блиски да ми бидат украдени фотографиите и потоа и на тој начин ширени меѓу себе. Многу сум разочарана. Размислувам околу мојата иднина во репрезентацијата затоа што не сакам да бидам дел од еден таков колектив и еден таков сојуз кој повеќе ги штити оние кои го почнаа сексуалното вознемирување, отколку мене – вели Морк.

Селекторот на машката репрезентација, Кристијан Берге како и капитенот Мирхол избегнаа да одговорат на прашњето врзано за овој скандал…

– Тоа е нешто кое не треба да го разговараме преку медиумите, туку меѓу себе. Тажни сме поради тоа… Разговарав со неа, и и кажав дека сето тоа што го објави пред ЕП е во погрешно време, среде првенство – истакна Мирхол за норвешките медиуми, повторно гледајќи ја својата страна а воопшто не размислувајќи за репрезентативната колешка

 

 

 

17.01.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега