Македонија против Германија за прво место во групата на ЕП

 

Македонската ракометна репрезентација против актуелниот европски шампион Германија вечерва ќе го одигра последниот меч од првата фаза на шампионатот во Хрватска.

Двете селекции по првите две кола го обезбедија своето учество во втората фаза од натпреварувањето, така што денешниот меѓусебен дуел ќе претставува директна борба за пласман на првата позиција во групата, односно борба за што повеќе пренесени бодови во втората фаза во Вараждин.

Македонија со победите над Словенија и Црна Гора има загарантирани два бода кои ќе ги пренесе во Вараждин, а на нив ќе се додадат и евентуалните бодови од средбата со Германија.

На Германците од друга страна, им зависи и исходот од втората средба во групата помеѓу Словенија и Црна Гора, со тоа што тие ја совладаа Црна Гора, но одиграа само нерешено со Словенија.

На прес-конференцијата која вчера се одржа во тимскиот хотел во Загреб, нашите репрезентативци го искажаа задоволството од досегашните резултати на првенството порачувајќи дека ќе одиграат во свој стил, максимално борбено и посветено и против фаворизираната Германија.

Натпреварот почнува од 18:15 часот во „Загребска Арена“.

По завршувањето на денешното последно коло од групите Ц и Д, Македонија, Германија и Шпанија ќе се приклучат на Главната Група 2 во Вараждин.

Влез меѓу 12-те најдобри ќе обезбедат уште победникот од мечот Словенија – Црна Гора, како и две од трите екипи од Д групата (Данска, Чешка и Унгарија) кои во последното коло ќе го одлучат конечниот пласман.

 

 

 

17.01.2018 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега