Селекторот на Германија вели дека спие мирно пред мечот со Македонија

Германската ракометна репрезентација на крајно драматичен и контроверзен начин успеа да стигне до реми во дуелот со Словенија, бидејќи последниот гол од пенал го постигнаа во ситуација кога натпреварот веќе беше завршен и откако судиите ги прегледуваа ВАР снимките.

На прашањето на „Дерби“ до Кристијан Прокоп во микс зоната, дали ќе спие мирно со оглед на тоа што Македонија ја победи Словенија, а тие едвај извадија реми против тимот на Веселин Вујовиќ, германскиот селектор се обиде да звучи релаксирано упатувајќи не дека тоа е сосема нов меч.

– Тоа ќе биде нов меч и мислам дека ќе спијам мирно. Очекувам дека ќе имаме жестока битка со Македонците, тоа е добар тим, со навистина големо ниво на дисциплина и добри играчи. Сепак, ние мора да се подобриме,- порача Прокоп.

На контра прашањето дали може да издвои еден сегмент на играта во кој смета дека Германија има јасна предност во однос Македонија, Прокоп одби да говори за одбраната или нападот.

– Пакетот! Пакетот во целина,- отсечно одговори германскиот селектор.

Натпреварот на Македонија и Германија се игра во 18.15 часот во Загреб, во истата „Арена“ која во претходните два случаи беше талична за нашите ракометари.

 

 

 

16.01.2018 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега