Хрватска „порно ѕвезда“ избра: Лазаров е втор најсекси ракометар на ЕП (видео)

 

Хрватската телевизија РТЛ, која го има ексклузивното право за пренесување средби од Европското првенство (ЕП) во ракомет кое се одржува во оваа земја, се обиде овој спортски настан, на кој повеќе од успешно настапува и Македонија, да ги приближи и до женската популација.

Затоа, како дел од емисијата посветена на континенталниот собир, беше направен и избор на петте најсекси ракометари кои учествуваат на ЕП. Како стручни коментаторки се најдоа Лана Клингор-Михиќ, стручњак за односи со јавност како и лото-девојката и манекенка Тина Катаниќ, која е многу пошироко позната и по порно-скандалот од пред неколку години, кога се појави снимка како има секс со неколку мажи, а на која делува како да е дрогирана.

Меѓу избраните е и капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, кој беше класифициран како втор најсекси играч на ЕП.

„Лазаров изгледа маркантно, интересно. Toj е конкретен маж, а не дете и со тоа привлекува жени“, рекоа за него коментаторките на РТЛ.

Видеото од изборот на петте најсекси ракометари на ЕП може да го проследите на следниот линк.

 
 

 

 

16.01.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега