Стоилов: Очекувам голема борба, ќе дадеме се од себе
Нашата репрезентација денеска „одмара“ на европскиот шампионат, но воедно и се подготвува за третиот и последен предизвик од првата фаза битката со Германија - пишува Дерби.
Ние по првите две кола имаме максимален ефект и четири бода, додека пак бранителот на трофејот има ефект од три бода (победа и реми), па ова е битка за првото место во групата Ц. Германците на хартија се апсолутни фаворити, тоа го посочува и Стојанче Стоилов со тоа што ветува оти е ќе го дадат се од себе, ќе бидат максимално борбени во обидот да дојдат до нов позитивен резултат.
-По два натпревари имаме две победи. Пред да дојдеме тука кажавме дека ќе одиме чекор по чекор, без еуфорија, ветувања. Одигравме два тешки мечеви со Словенија и Црна Гора и сега сме во добра позиција. Сега следува пресметка со шампионот, Германија е апсолутен фаворит. Се надевам ќе изиграме борбено максимално, одбраната ни е главно оружје на ова првенство и ако ни отвори шанса да изненадиме, ако не здравје. Очекувам многу борба, имаат топ играчи. Наше е да дадеме се од себе, па што биде нека биде, -порача Столе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа