Познати судиите за дуелот меѓу Македонија и Црна Гора
Судиите од Португалија, Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека го добија дуелот меѓу Македонија и Црна Гора во 2. коло на Европското првенство.
Арбитрите кои во 1. коло судеа во Вараждин на мечот меѓу Шпанија и Чешка сега ќе бидат во Загреб каде што ќе бидат на теренот на еден многу интересен дуел.
Со оглед на тоа што мечот во Вараждин и не им беше некој проблем бидејќи Шпанија рано дојде во предност против Чешка и имаше голема разлика, се очекува вечер да биде поинаку.
Секако трите исклучувања на мечот меѓу Шпанија и Чешка не се мерило за критериумот којшто го имаат, но се очекува коректна арбитража.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа