Пајакот „дипли" возила - полицијата дебело казнува за овие прекршоци во Скопје

Едно лице е тешко повредено, а осум се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно седум регистрирани сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Две сообраќајки се со евидентирана материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала 26 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак. Од сообраќај се исклучени 16 возачи, двајца за возење под дејство на алкохол, а 14 возеле пред да се стекнат со право за управување со моторно возило.
Санкционирани се и четворица возачи за поминување крстосница на црвено светло, и по двајца за неправилно престигнување и престројување Исклучени од сообраќај се 11 возила со истечена важност на сообраќајна дозвола, технички неисправни, нерегистрини, претовар...
Поради непрописно паркирање со специјалното возило „пајак“ се подигнати 79 возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









