Нема ден без несреќи во Скопје - двајца повредени

Две лица биле полесно повредени во две од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во пет незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и седум возачи за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени седум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и седум неисправни возила. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло. Затекнати биле 82 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила.
Одделението за превенција ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (престројување, брзина). Истата ќе се одржи во просториите на ПСОН Гази Баба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









