Во Скопје се одржа марш на црвените чадори

 

 Во Скопје денеска на улица „Македонија“, денеска по десетти пат се одржа марш на црвените чадори, во рамки на меѓународниот ден „Стоп за насилството врз сексуалните работници“, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.

Претставници на организацијата посочуваат дека во земјава има од 3.000 до 5.000 сексуални работници, кои секојдневно се изложени на насилство не само од клинетите, туку и од полицијата од која бараат заштита.

Марш на црвени чадори

Сексуалните работнички со црвени чадори, облечени во долна облека и со маски на очите, денеска маршираа низ Скопје. Тие порачаа да престане насилството врз нив, а институциите и полицијата да ги заштитат. Апелираа да престанат предрасудите кон нив.

Во Скопје вчера, по повод Меѓународниот ден - Стоп за насилството врз сексуалните работници, беше поставена уметничка инсталација со девојки во излог, кога еден од објектите на булеварот „Климент Охридски“ беше претворен во излог сличен на квартот на црвените фенери во Амстердам.

 

 

 

17.12.2017 - 15:19
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега