Се потрошија маските за загадениот воздух во аптеките - некои чинат и 900 денари

 

Загадениот воздух направи многу здравствени проблеми кај граѓаните. Од дома не се излегува без шал или маска. 

Макфакс пишува дека граѓаните на секаков начин се обидуваат да си го заштитат здравјето од загадениот воздух, а еден од начините е купување маска со активен јаглен.

Најевтините се 140 денари и нивниот рок на употреба е 120 часа,  а во една од аптеките може да се најдат маски и за 900 денари. Во некои аптеки веќе нема маски, се е потрошено, пишува Макфакс.

Инаку, за вечерва се најавува ветер, кој е мала надеж дека ќе се расчисти маглата.

 

 

 

15.12.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега