Град Скопје: На сообраќајниците фрлени 30 тони сол

 

Градските власти се подготвени за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови. По првите врнежи на снег оваа сезона, екипите на зимската служба на Град Скопје интервенираа превентивно на повеќе сообраќајници и критични точки и фрлија околу 30 тони сол.

Зимската служба на Град Скопје во моментов има залиха од сол во депоата на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од околу 1.300 тони и во тек е тендерската постапка за набавка на уште 3.000 тони сол.

Покрај солта и ладниот асфалт, зимската служба ќе ја користи и механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“ составена од 16 разновидни возила и машини, а на располагање е и механизацијата на останатите јавни градски претпријатија. Дополнително обезбедена е и техничка поддршка од компанија која на зимската служба во текот на сезоната и става на располагање 15 специјални возила - камиони. 

 

 

 

10.12.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега