Пунктот за бездомници во Момин Поток ќе работи деноноќно, се отвораат три нови регионални

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при посетата на пунктот рече дека годинава Македонија подготвено ја пречекува зимата со отворање и на три дополнителни пунктови кои ќе работат како регионални центри, во Струмица, Струга и Битола.
Пунктот во Момин Поток, ќе работи деноноќно во наредните три месеци велат од Црвениот крст на Град Скопје.
Петре Шилегов истакна дека Градот за наредната година за триесет проценти ќе ја зголеми поддршката за функционирање на овој пункт.
Во текот на минатата година пунктот го користеле 54 лица, но оваа година поради зголемениот капацитет бројката на лица која што би можеле да се згрижат е од 90 до 120 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









