Шилегов: Забраната за автомобили на Водно се уште важи и тоа ќе се докаже во петок

 

Градоначалникот на Град Скопје денеска изјави дека забраната за движење на моторни возила до Средно Водно важи и натаму, дека таа се почитува, освен во неделата кога, како што рече, несовесни граѓани го злоупотребиле отсуството на полицијата и ја прекршиле.

- В петок кога е државен празник и кога важи забраната ќе бидете сведоци дека во целост ќе го забраниме сообраќајот на возилата од 9 часот наутро до 16 часот попладне, рече Шилегов одговарајќи на новинсрско прашање при посетата на пунктот за бездомници во Момин Поток.

Додаде дека е прилагоден и возниот ред на јавниот градски сообраќај, оти автобусите се почести со цел да не се создаваат гужви и граѓаните да можат да го користат.

 

 

 

06.12.2017 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега