Нов распоред за линиите на автобусите до Средно Водно

 

 Автобусите на пробните линии до Средно Водно од викендов ќе возат по нов, зачестен возен ред и ќе тргнуваат на половина час.

Новиот возен ред на линиите 25А и 25Б, како што информира Град Скопје, е направен поради зголемениот интерес на граѓаните.  

Двете пробни линии беа воведени со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните откако Град Скопје воведе забрана за движење на возила на патот до Средно Водно секој викенд и за време на празници.  

Покрај овие две автобуски линии, граѓаните можат да ја користат и постојната автобуска линија, односно линијата со број 25 до Средно Водно.

Од Град Скопје истакнуваат дека возењето на трите автобуски линии на почетокот ќе биде бесплатно.

Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

 

 

 

01.12.2017 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега