Од денеска големо намалување на цените во „Седмица“ - ова се новите цени

 

Популарната сендвичара „7ца“ по повод 30 години од постоењето ги намалува цените на сендвичите и пијалаците.

Според објавеното на нивната веб страна, промоцијата ќе трае до 7 септември. Сендвичите ќе чинат 100 денари, една лименка сок 20 денари, а половина литар 30 денари.

Од сендвичарата „однапред се извинуваат поради за реализацијата на телефонските нарачки бидејќи очекуваат да имаат зголемена фрекфенција на работа“.

Промоцијата доаѓа откако Агенцијата за храна и ветеринарство ја затвори сендвичарата во скопски Карпош откако поголем број граѓани се пријавиле во болница со стомачни тегоби, тврдејќи дека јаделе токму таму.

Од „Седмица“ објавија серија документи со кои тврдат дека нивната храна е безбедна, а за стомачните тегоби, виновен е „стомачен вирус“

 

 

 

 

 

29.08.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега