Груевски и Стојановски извршија увид на нова пречистителна станица и Дом на култура

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес беше во посета на општина Илинден.

Со градоначалникот на општината, Жика Стојановски, тие направија увид на новата пречистителна станица и обновениот Дом на култура.

Во завршна фаза е изградбата на канализационен систем со пречистителна станица во Марино. Пречистителната станица е со капацитет од 1.250 жители, односно 330 домаќинства.

Канализационен систем е во должина од 4000 метри. Инвестиција е со вкупна вредност на проектот од 30 милиони денари.

Истовремено, Илинден доби и обновен Дом на култура-Илинден. Парк, како и амфитеатар за 200 луѓе, во вкупна вредност 18 милиони денари.

 

 

 

21.08.2017 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега