Екстра вечер на „Пиволенд“: Фестивалот го затвора Игор Џамбазов

Пивскиот фестивал „Пиволенд“ кој по шест дена требаше да заврши вчера, го откри изненадувањето за своите посетители – организира уште една, екстра вечер. На 10-тиот фестивал на пивото вечерва ќе настапат Елвис блуз трио, Рингтонс и за крај – македонскиот шоумен Игор Џамбазов.
Организаторите се задоволни од изминатите шест фестивалски дена (7-12 август) кои, како што известуваат, поминале во одлична атмосфера.
– Скопје докажа дека знае да се забавува и сред лето, а пивото беше одлично освежување во летните жешки денови. Иако температурите го надминуваа 40-от степен, Скопското Кале се покажа како идеална локација за разладување. Шест дена посетителите до последно место ја наполнија скопската тврдина, а вечерва е подарок за сите љубители на пивото и добрата музика, соопштија организаторите на „Пиволенд“.
Последниот фестивалски ден ќе почне во 20 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









