ПИВОЛЕНД 2017: Добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси- еве ги деталите

Од 7 до 12 август на Скопското Кале по десетти пат ќе се одржи традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“.
– Посетителите и годинава ќе имаат можност да уживаат во добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси. На годинешниов Пиволенд ќе има богата музичка порограма, ќе настапат Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, како и македонскиот рап состав САФ. За љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера. Фестивалот е под покровителство на Градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари. Оваа година со одржувањето на Пиволенд всушност ќе започне и големата летна забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, којашто ќе се одржи на повеќе локации низ градот Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во добра музика, а во моментов се разговара со повеќе музички изведувачи и нивните имиња и датуми на настап ќе ги соопштуваме кога ќе имаме потврда за тоа. Сакам да напоменам дека Скопје за првпат ќе има ваква голема забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, и сакам да најавам дека сакам да го направиме традиционален за сите граѓани коишто ќе останат во летниот период во Скопје да уживаат во летната забава – изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција.

Сандра Темова од Друштвото за угостителство, трговија и услуги ТЕМОВ ФШТ ДОО, Скопје, се заблагодари на поддршката од Градот Скопје на овој фестивал и потенцираше дека првиот Гурмански викенд со пиво – Пиволенд се одржа во 2008 година, а во 2009 година беше прогласен за најпосетен настан. Исто така, ги повика граѓаните на Скопје, како и сите љубители на пивото да дојдат на фестивалот и да уживаат во околу 100 видови пиво и многу деликатеси.
Бидејќи се работи за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.
Дојди, Види, Испиј! 10 години Пиволенд!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









