Се отвораат игралиштата на песок на градската плажа „Парк“

Од утре почнуваат со работа одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.
Како што соопшти Град Скопје, на игралиштата бесплатно може да спортуваат и да се рекреираат сите заинтересирани. Ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 24:00 часот.
Закажувањето може да се врши на телефонот 071 217 390, од 10 до 23:30 часот секој ден или на самото игралиште во горенаведениот период.
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.
02.06.2017 - 12:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









