Проект за мултиетничка соработка во општина Ѓорче Петров

Развивање на мултиетничка соработка и младинско претприемништвo има за цел проектот „Успешни во единство“, спроведен од оштина Ѓорче Петров во соработка со асоцијацијата „Јуридика“, а финансиран од Европската унија.
Целта на проектот, како што информира општина Ѓорче Петров, е утврдување на потребите за развој на младинското претприемништво, јакнење на капацитетот за застапување на младите Роми и преземање на конкретни чекори за вмрежување на младите претприемачи со претприемачи од исто или различно етничко потекло, како и со бизнис организации.
За таа цел, во општината е изработена анализа преку анкетен прашалник на младите претприемачи од немнозинските етнички групи, за утврдување на потребите на целната група во областа на застапувањето и примена на правната регулатива на локално и национално ниво.
Општина Ѓорче Петров, како што се вели во соопштението, на овој начин активно ќе се вклучи во развојот на бизнис климата на локално ниво особено кај млади луѓе кои се невработени.
Во рамки на проектот, во претстојниот период ќе биде спроведена специјализирана обука за стекнување на вештини за застапување на младите претприемачи, наменета за целната група. Со цел да се обезбеди континуитет на активностите и одржливост на влијанието и резултатите кои ќе се постигнат од проектните активности, ќе биде изготвена и програма за следење и менторирање на младите претприемачи во процесот на застапување, информираат од општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









