Се огласи убиецот на кучето од Дебар Маало: "Можеше да ги нападне и вашите деца, ова е мојата страна на приказната"

Скопјанецот кој вчера ја згрози Македонија и предизвика лавина бурни реакции и осуди, откако се секира уби куче, се огласи до медиумите и ја раскажа својата страна од приказната. вели самиот се пријавил во полиција и свесен е што направил, но тврди куќето неколку пати напаѓало во Дебар Маало, а никој не реагирал.
- Вистината можам да ја образложам и со медицинска документација, истото куче пред месец ме нападна, но за среќа поминав без последици. Потоа, една недела подоцна, беше нападнат и изгризан кај бутот и мојот брат. Заврши на Инфективната Клиника со тетанус, вели скопјанецот.
Додава дека нападнат вчера бил и неговиот стар татко, што предизвикало револт кај него. 86-годишниот скопјанец завршил исто така на Инфективно, со повреди и примил тетанус. Бил изгризан во ногата.
- Сите гледаа сеир, никој не се потруди да помогне, а кога сфатив дека кучето уште еднаш нападна отидов и се справив со тоа, можеше да нападне и деца, можеше да ги нападне и вашите деца, додава тој.
С.Христовски вели дека извршил дело од кое се срами и сам се пријавил во полиција.
Инаку, денеска изреволтирани и бесни граѓани ќе протестираат пред неговата куќа по убиството на кучето кое вчера се случи во Дебар Маало во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









