Хаос во Шутка- скопјанец со автомобил влета во супермаркет

Денеска, во скопската населба Шуто Оризари се случи сообраќајна незгода, во која за среќа нема повредени.
Скопјанец, кој управувал со возило од марката „Опел“, изгубил контрола и рушејќи го ѕидот влегол во супермаркет. Материјалните штети се огромни, но за среќа, нема повредени лица.
Од полицијата велат дека работат на случајот, а деталите ги најавуваат за утре.
15.04.2017 - 22:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









