На улиците во Скопје ќе се вози пар-непар

 

Спас од загадениот воздух Град Скопје ќе бара со воведување пар-непар по улиците, како и поскап паркинг. Владата по препорака од министерството за животна средина го задолжи МВР да изготви измени на законот за безбедност во сообраќајот со воведување на мерката пар – непар, додека на советите на општините и претпријатијата за јавен паркинг им препорача, да ја разгледаат можноста за зголемување на цената на паркинг услугата, за повеќе да се користи јавниот превоз.

Канал 5 пишува дека Владата ги задолжи сите органи на државната управа јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила при надминување на прагот на алармирање при загаден воздух.

 

 

 

23.02.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега