Утре сончево, а петок не очекува драстична промена

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. На повеќе места максималната температурата ќе надмине 10, а на југ ќе достигнува и до 14 степени.

Од петок ќе се зголеми облачноста, а за време на викендот и во понеделник ќе има услови понекаде по котлините за појава на утринска магла и ќе има повремени врнежи од дожд, почести во недела. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник врнежите ќе завршуваат до крајот на денот кога понекаде и на повисоките места на запад може да се појави слаб снег.

 

 

 

15.02.2017 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега