Пукната гасоводна цевка го затвори мостот „Близнак“ за сообраќај

Сообраќајот на мостот „Близнак“ во населбата Аеродром е затворен во двата правци поради пукната гасоводна цевка.
Полицијата потврди дека од 13:20 часот од безбедносни причини целосно е затворен сообраќајот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Перо Наков“.
Екипи од надлежните институции се испратени на терен и се работи на отстранување на дефектот.
13.02.2017 - 14:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









